Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска се сретна со претседателот, Стево Пендаровски. На средбата, министерот Поповски и Пендаровски разговарале за Алатката за отчетност, на којашто се прикажани трошоците на министрите, замениците – министри и на директорите на јавните претпријатија.
„Она што е значајно од средбата, е тоа што претседателот Пендаровски искажа целосна подготвеност начинот на неговото работење и сето она што значи користење на буџетските средства како Претседател на државата да ги стави на увид на јавноста. Тоа значи дека онаа Алатка за транспарентност, што Премиерот, министрите во Владата, заменици-министри, директори на јавни претпријатија, веќе во неколку извештајни периоди ја користат и ја презентираат пред граѓаните, ќе биде на своевиден начин прилагодена согласно начинот на кој функционира кабинетот на Претседателот и тие трошења ќе бидат на увид на јавноста“, рече Попоски.
Comments are closed for this post.