Изнесените податоци, според него, ги објаснуваат барањата за формирање анкетна комисија во Собранието и почитување на договорената и сега веќе законската обврска за 100 дена техничка, Пржинска влада која што ќе спроведува избори.
Стоилковски низ показатели и бројки се задржа на гласањето во општина Сарај и избирачките места каде се полнети изборните кутии со, како што рече, невозможна брзина, иако на нив се случувало и насилство и бркање на набљудувачи.
-За почеток, избирачкото место Радуша каде што 15 до 17 часот гласале188 гласачи или 38 секунди по еден гласач, потоа Рашче, каде од 13 до 15 часот гласале 208 гласачи или на секои 34 секунди по еден гласач. Натаму, населено место Копаница од 11 до 13 часот гласале 303 гласачи или на секои 23 секунди по еден гласач. Исто така, во Копаница од 15 до 17 часот гласале 162 гласачи или на секои 44 секунди по еден гласач, изјави Стоилковски.
Во Грчец од 15 до 17 часот гласале 500 гласачи или на секои 14 секунди по 1 гласач, во Глумово од 15 до 17 часот гласале 215 гласачи или на секои 33 секунди по 1 гласач. Во ист контекст, тој ги спомена и населените места Шишево, Бојане, Ласкарци, Арнакија, Долно и Горно Свиларе…
– Веќе не е прашање промената на името на Република Македонија, идентитетот и Уставот. Капитулантскиот договор е завршена работа. Сега се бориме за основните демократски стандарди, за правна држава и еднаквоста на сите граѓани пред законите, рече Стоилковски додавајќи дека нема ниту НАТО, ниту ЕУ без демократија, правосудство и слободни избори.
Comments are closed for this post.