По кратко боледување денеска на 65-годишна возраст почина поранешниот претседател на Црвениот крст на Република Македонија д-р Милчо Трајков.
Трајков беше претседател на Црвениот крст на Република Македонија од 2008 до 2017 година.
Како долгогодишен волонтер од 80-тите години на минатиот век активно беше вклучен во акциите и активностите што ги организираше Црвениот крст, пред се во делот на здравствено – превентивни активности.
Смртта го затекна на функцијата претседател на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес.
Во негово сеќавање утре во 11:30 часот во големата сала на Општина Велес ќе се одржи комеморативна седница, а посмртните останки ќе бидат изложени во црквата „Свети Пантелејмон“ на гробиштата во Велес во 13:00 часот.
Comments are closed for this post.