Во рамките на партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ, секој по сопствено убедување да постапи на престојниот референдум, порталот Република дознава дека генералниот секретар Игор Јанушев нема да излезе да гласа на референдумот.
Јас се одлучив за Македонија и практично неизлегувајќи го кажувам мојот револт кон предавничкиот договор со кој се сака да се понижи Македонија. Власта треба да сфати дека ништо на сила не може да помине, и ниту едно манипулативно прашање нема да може да ја покрие штетноста на договорот. Затоа јас одлучив да не гласам на референдумот, вели Јанушев за Република.
Comments are closed for this post.