По повеќе од четири месеци, Вишото јавно обвинителство го врати во Апелација предметот со жалбите на првостепено осудените функционери од ДУИ Ејуп Аљими и Исмет Гури.
Но се уште без мислење дали да се укинат или да се потврдат пресудите против функционерите. Од Вишото обвинителство ги демантираа информациите во јавност дека обвинителот Диљавер Бектеши кој пред повисокиот суд ќе го застапува случајот веќе дал насоки да се прифати жалбата на обвинетите, но ниту откриваат каков став ќе заземат освен дека ќе го соопштат на јавна расправа.
-Конкретниот предмет со списите е пратен во Апелациониот суд Скопје но тој не содржи писменo мислење од Обвинителството, туку известување дека јавниот обвинител мислењето ќе го даде на јавната седница на која ќе се расправа за овој предмет.- ЈОРМ.
Дека предметот е вратен назад потврдуваат и од Апелација без да откриваат повеќе детали единствено посочувајќи дека за следниот месец е закажана јавна седница.
Иако вообичаено Вишото обвинителство со кое раководи Мустафа Хајрулахи го поддржува барањето на основните обвинители во однос на изречените првостепени пресуди или мерки за обезбедување на обвинетите, токму во овој случај веќе имаше исклучок кога во декември застана на страната на обвинетите Аљими и Гури кои си ги бараа пасошите од судот. Но Апелација тогаш не постапи по мислењето на обвинителот Бектеши.
Кривичниот суд лани во март ги прогласи за виновни Аљими и Гури и ги осуди на по 3 и пол години затворски казни за уништување на изборен материјал на локалните избори во 2013та во Чаир.
Comments are closed for this post.