Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска посочи дека среќна е завршница на патешествието на нашиот потполковник кој во Централноафриканската Република заболе од КОВИД.
„По 22 дена на Инфективната клиника, тој е сосема излекуван и денеска си оди дома! Го испрати д-р Илир Демири и дел од медицинскиот персонал кои се грижеа за него. Благодарност до сите! Ништо не оставивме на случајноста и ова е најдобриот исход што сите го посакувавме! Потполковникот набргу се враќа меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата“, вели Шекеринска.
Comments are closed for this post.