Студенти споделија на Фејсбук дека вчера вечер плафон од тоалет паднал во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје.
Откако се случил инцидентот, вработените од домот ги запреле вентилите ја промениле санитаријата и ветиле дека до утре тоалетот ќе биде саниран. Според изјавите на студентите плафонот е граден неквалитетно од гипс и трска и не може да издржи повеќе од три години. Tие ги повикаа надлежните од ресорното министерство да реагираат на време.
Comments are closed for this post.