Договорот од Преспа ќе оди напред, а историјата ќе биде многу благородна и дарежлива со премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, изјавил американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат, говорејќи на панел дискусија во рамките на третиот „Thessaloniki summit“, објави грчката новинска агенција АНА –МПА.
На панел дискусијата со новинар од грчкиот весник „Катимерини“, Пјат рекол дека САД веќе гледаат позитивно влијание од Договорот од Преспа во поширокиот регион и ја истакнал желбата на американската страна, нашата земја да напредува на патот кон НАТО.
Според грчката новинска агенција, Пјат рекол дека САД работат напорно за спроведување на договорот, во соработка со нивните европски партнери.
Американскиот амбасадор во Атина, истакнал дека Договорот од Преспа не е важен само од геополитички, туку и од економски аспект.
Comments are closed for this post.