Пратеничката на ВМРО-ДМНЕ Жаклина Пешевска демантира дека гласала на референдумот. Таа ги негира информациите пласирани во дел од медиумите според кои веќе го остварила своето гласачко право.
На одредени портали прочитав дека сум гласала на референдумот, тие информации не се точни. Ги демантирам овие информации кои беа објавени во одредени медиуми, изјави Пешевска за Курир.
Comments are closed for this post.