Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов ја потсети јавноста на изјавата на Али Ахмети пред уставните измени, кога претседателот на ДУИ истакна дека луѓето кои се во затвор за 27 април не се терористи.
Ахмети смета дека е неопходно интраетничко и меѓуетничко помитување. Тој вели дека обвинението за настаните од 27 април нема никаква врска со тероризам.
Тоа не е тероризам. Луѓето реагираа емотивно, рече тогаш Ахмети.
Претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски, плус лидерите на сите опозициони партии бараат слобода за патриотите од 27 април и започнување на нов судски процес. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, исто се согласува со Христијан Мицкоски и опозицијата, дека настаните на 27 април не се тероризам, а притоа и тој како и секој нормален човек прстот го насочува кон највиновниот, „вратарот” Крсте Мукоски!
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, исто се согласува со Христијан Мицкоски, опозицијата и Али Ахмети, дека на 27 април нема тероризам и го предлага тоа што и народот на 25 април го побара, нивна слобода и започнување на нов судски процес!
Останаа Зоран Заев, Добрила Кацарска, Петар Богојески, СДС и шака на платени џукели кои и понатаму тврдат дека браќата треба и понатаму да лежат осудени за тероризам!!!, пишува Пандов барајќи слобода за патриотите и за Македонија.
Comments are closed for this post.