Не собравме 80 гласа, Груевски ќе продолжи да биде пратеник и да зема плата од граѓаните додека е во затвор. Барем додека не му се соберат пет години и автоматски не му го земеме мандатот врз таа основа. Борбата продолжува!

Ова го напиша пратеникот и претседател на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која пред два дена одлучи и достави предлог до Собранието да му го одземе мандатот на поранешниот премиер.

На денешната собраниска седница не му е одземен мандатот на Груевски затоа што за таа предлог-одлука немаше двотретинско мнозинство.