Се наоѓаме на влезот на Попова Шапка, можеме да видиме дека патот е незавршен, односно до пола. Бараме од Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта, директно и од министерот Крешник Бектеши, кој изјави дека ќе има проширување на патот на влезот на Попова Шапка што треба да се протега до претседателската резиденција, итно да интервенираат додека изведувачите се уште се на терен. Тие моментално работат во приватните сектори, но мислам дека можат да се вратат за да го завршат овој проект кој е застанат до пола. Ние се навикнавме како нашата држава работите ги тера до пола, изјави Хамди Сулејмани од „Да ја спасиме Попова Шапка“.
Од Иницијативата велат дека нема никакви активности за Попова Шапка да има подобри услови во викенд населбата.
До каде е проектот за инфраструктурата во викенд населбата Попова Шапка? Овде гледаме како сите работи стојат и ништо не се движи во позитивна насока. Го замолуваме заменик премиерот на Владата за економски прашања да интервенира што побрзо и да дава позитивен одговор на проектот којшто му стои веќе година и пол во неговиот кабинет за имплементација и за давање поддршка на Општина Тетово да го реализираат овој капитален проект. Ја замолуваме и локалната власт да ургираат за побрзо решавање на овој проблем, додаде Сулејмани.
Поставувањето на асфалт на делницата Тетово-Попова Шапка, во должина од 18,2 километри започна минатиот месец. Се прави „жолт фидинг“ што подразбира санирање на дупки па поставување асфалт над целиот коловоз.
Comments are closed for this post.