Зоран можеби најави оставка но како што стојат работите Заев нема да ја прифати. Еден ден откако тој ја најави оставката на премиерската позиција по дебаклот на локалните избори се уште ја нема доставено оставката до Собранието за да може да почне постапката за негово разрешување. Наместо тоа, Заев денеска имаше средба со коалициските партнери кои сите до еден беа едногласни дека Заев треба да остане премиер и покрај поразот на изборите.
Како по лента,Тито Петковски од НСДП, Горан Мисовски од ЛДП, Маја Морачанин од ДОМ, Мендух Тачи од ДПА сметаат дека Заев треба да остане и оти најавата за оставка му била избрзана. Oд сите нив, најнеразбирлива е реакцијата на Мисовски и Морачанин кои на овие избори настапија самостојно и имаа релативно добар резултат.
Но, ако на локално ниво не се задоволни од Заев, задоволни се на централно и остануваат во владата.
И пред да започне кампањата, кога го формиравме движењето „Одлучно за промени“ кажавме дека сме дел од парламентарното мнозинство и дека мнозинството и Владата се стабилни и не поддржуваме одржување на предвремени парламентарни избори и формирање на ново парламентарно мнозинство бидејќи на Македонија и е потребна стабилност, се соочуваме со енергетска криза и се уште трае ковид пандемијата- рече Морачанин.
Мендух Тачи пак отиде уште додалеку и вели дека на овие избори и вели дека имале повеќе гласови од опозицијата иако разликата е повеќе од очигледна.
– Не гледам никаква причина нешто драматично да се случи. Сакаат да ја изместат темата. Беа локални избори. Ако сакат да зборуваат за легитимитет на Влада, оваа влада и на овие избори има легитимитет. Апсолутно има многу повеќе гласови од опозицијата, рече Тачи.
Стариот коалициски партнет на СДСМ Тито Петковски пак бара да се разграничи што се локални, а што парламентарни избори, ако сакаме да имаме демократска држава.
Не може ако изгубите едни избори, да ги повторувате сите, порача Петковски.
Денеска и Али Ахмети призна дека имал тензичен разговор со Зоран Заев на кој му кажал дека не се согласува со оставката и оти барал ова да биде разгледано од страна на СДСМ.
Но се чини дека најдалеку отиде Мартин Костовски од ОК СДСМ од Куманово кој најави дека почнуваат потписи за останување на Зоран Заев на лидерската позиција во партијата.
Неразбирливо е зошто толку се инсистира на останување на Заев на премиерската и лидерската позиција од страна на коалициските партнери.
Ако толку се убедени дека го имаат мнозинството повторно ќе биде изгласана старо- нова влада со нив, но без Заев. Но, очигледно не е така и затоа тие не сакаат владата да падне ,бидејќи со владата паѓаат и тие. А тоа најмногу ги боли.
Comments are closed for this post.