Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) информира дека со одлука на партиските органи го исклучила Аднан Ќахил од партијата, а од премиерот Зоран Заев побарале негово разрешување од функцијата министер без ресор.
Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува. Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата. Истовремено санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти. Со оваа одлука раководството на ТХП уште еднаш на дело покажува дека и во понатамошното делување ќе има нулта толеранција на деструктивни личности и несовесно работење, се вели во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.