Партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан сака да остане членка на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, изјави денеска преставник на партијата реагирајќи на апелите на највлијателниот провладин дневен весник „Маѓар немзет” Фидес да ја напушти ЕПП.
Фидес е членка на ЕПП и сака да остане членка, рече шефот на кабинетот на Орбан Гергељ Гуљаш коментирајќи го пишувањето на „Маѓар немзет“.
Весникот побара од Фидес да ја напушти конзервативната ЕПП истакнувајќи дека владејачката унгарска партија ги напуштила вредностите кон кои се стремела и оти сега не може да се разликува од социјалистите или либералител.
Весникот смета дека Фидес, наместо да остане во редовите на ЕПП, би требало да им се приклучи на европските националисти.
Унгарската владејачка политичка партија вчера го одби ултиматумот на водечкиот кандидат за претседател на Европската комисија Манфред Вебер, лидер на Европската народна партија (ЕПП), воедно и германски европарламентарец и пратеник во Бундестагот, да престане со кампањата против ЕУ, да се извини на колегите од ЕПП и да му дозволи на Централно-европскиот институт на Џорџ Сорос да остане во Будимпешта.
Од ништо нема да се откажеме. Одбраната на европските вредности и христијани, како и запирање на масовната миграција за нас се поважни од дисциплината на партијата во рамките на ЕПП, порача вчера портпаролот на Фидес.
Трите услови, кои Вебер и ги постави на Фидес, беа понудени за да се избегне евентуално исклучување на владејачката унгарска партија од членството во Европската народна партија.
Досега 13 членки на ЕПП го поддржаа барањето
Comments are closed for this post.