Под мотото „Парченце уметност за онкологија“ група од петнаесетина македонски уметници донираа слики и насликаа дел од ѕидовите на Клиниката за онкологија, со желба да се разубави просторот.
Комплетирањето на овој хуманитарен проект траеше околу еден месец, а во негови рамки ѕидовите на Клиниката добија слики со наративни мотиви, што имаат цел да зрачат со позитивност.
Сликавме на Онкологија со цел и со желба да се разубави местото, односно да се претвори во простор ќе нуди една поинаква, поубава естетика, а не само функцоналност – велат уметниците.
Comments are closed for this post.