Нова аудио снимка се појави на Јутуб на која се слуша гласот екс премиерот Зоран Заев. Снимката се појави на каналот „Зоки рекетарот“ oд разговорот можеме да заклучиме дека Зоран Заев влегува во рекетарската шема и наместо Васко Димишков парите од рекетот завршуваат кај него.
Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат. Совет ми даде, што да праваам бара пари, значи оне ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра, вокам важи јас влегувам во оваа работа, вели Заев.
На дебатата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Зоран Заев истакна дека не се познава со адвокатот Васил Димишков, а во бомбата која е објавена се слуша дека многу добро се познавал.
Не го познавам, сигурен сум, одговори Заев.
На една од претходните бомби каде се пишува дека се слуша гласот на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова која важи за многу блиска до Зоран Заев како бара 6 милиони евра за да бизнисмен биде пуштен на слобода.
Дајте 6 милиони еврa и ќе ја завршиме работа, вели Васил Димишков.
Тој во разговорот со непознато лице вели дека ќе проба да ја намали сумата иако таа е голема.
Тие ми рекоа (Вице Заев директно и Зоран Заев) ама јас треба уште еднаш да разговарам, ќе им ја намалам нешто тие многу забегаа не очекував толку многу да побараат.
Сопругата на Орце, Ана Камчева на сведочењето во случајот „Рекет“ потврди дека Димишков им побарал 6 милиони евра.
Aдвокатот во своето сведочење рече дека им ја побарал таа сума за да ги одбие бидејќи знаел дека во тој случај неговата сестра Весна ќе треба да биде изземена од случајот „Империја“.
Comments are closed for this post.