Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во коресподенцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари. Зоран Заев преку Георгиевски порачува дека ќе се откаже и од македонското малцинство во Бугарија, без да води сметка за нивните чувства Георгиевски и Заев ги отпишаа Македонците во Бугарија. Ова е спротивно на сите меѓународни конвенции за правата на малцинствата, стои во партисото соопштение и се додава:
Заев трга во последна офанзива за обезличување на државата. ВМРО-ДПМНЕ и народот се против продавањето на Македонија по патентот на Заев и Георгиевски, и нема да признаат никаков договор кој ќе ја негира македонската посебност, јазик, култура и историја.
Comments are closed for this post.