Ова е „паразитите“ во оштеството: Функционери на власта земаат и по 5.000 евра плата

14.11.2022 / 13:37


Додека народот гладува, а минималната плата е 18.000 денари. Инфлацијата за една година е 20%, а цените на храната се зголемени и за 30%. Функционери именувани од владата за еден месец заработуваат колку што поголем број од граѓаните можат да заработат за нецели две години. Да, добро слушате. Во Македонија со СДС, каде за лечење во странство се собираат донации по СМС, затоа што власта нема пари да ги покрие трошоците, функционери именувани од истата таа власт за само еден месец заработуваат колку што поголемиот број на граѓани заработуваат за нецели две години, изјави на денешната прес конференција, Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека од денес почнуваат со изнесување во јавноста на факти од аферата Паразити, преку кои ќе објаснат како одредени функционери именувани од владата живеат во луксуз додека народот страда.

– Да одиме со ред. Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема 345.000 денари на име плата. За една година тоа се 4.140.000 денари, а за мандат од 4 години 16.560.000 денари. Ако оваа сума се подели со 18.000 денари колку што е просечната плата, се добива 920, тоа е бројот на месеци, што е еднакво на 76 години, кои што се потребни за да се заработи таа сума на пари со минимална плата. За еден мандат Хамиди, од челното место на М НАВ ќе замине со пари за кои што поголемиот број на граѓани ќе треба да работат 76 години. Односно најголемиот број од народот во Македонија, во својот живот нема да може да ги заработи парите кои првиот човек на М НАВ именуван од владата ќе ги земе за 4 годишен мандат. Ништо поразлично не е ниту членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 266.000 денари месечно. За четири години Крстевски од државата ќе земе 12.768.000 денари на име плата. Овие двајца функционери именувани од владата за еден свој мандат во М НАВ заедно ќе наплатат половина милион евра само за плата. Двајцата директори во М НАВ ја чинат државата еден голем булевар, или само со парите за нивни плати за 4 години може да се купат 8 амбулантни возила или 3 противпожарни возила. Сега е многу појасно зошто власта нема слух за растечката инфлација, за секојдневната мизерија во која тоне народот. За овие функционери од власта нема криза, се додека е СДС на власт, и се додека истото тоа СДС зема кредити и се задолжува буџетот, ќе може да им се исплаќаат плати и пари кои што поголемиот дел од народот нема никогаш во живот да ги заработи, појасни Томовски.

Тој додаде дека ова се луѓето на кои им е сосема логично СДС да остане на власт, за тие непречено да се луксузираат додека народот мизерува.

– Ете затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро, дециден е Томовски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Богдановиќ: Етикетирањето новинари од страна на СДСМ е знак на немоќ (ВИДЕО)

пред 8 часа
Македонија

„5 минути со Чавез“: Системот е виновен за Кочани и за сите жртви како Ивана

пред 16 часа
Македонија Магазин

Тони Цетински откажал концерт во Нови Сад поради слаба продажба на билети па си измислил причина дека во салата била логор за Хрвати

пред 2 дена
Македонија

Како Филипче се обиде да заработи од вакцини за време на короната

пред 2 дена
Македонија

Дачиќ: Се вратив во живот, му благодарам на мојот брат Вучиќ

пред 2 дена
Македонија

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти

пред 2 дена
Македонија

Eве како Филипче лажеше дека во Македонија ќе дојдат мигранти (ВИДЕО)

пред 2 дена
Македонија

Сите им се смеат на СДСМ за мигрантите

пред 2 дена
Македонија

Mицкоски за мигрантите: Упорно и без трошка совест се создаваше впечаток дека Владата нешто крие од граѓаните

пред 3 дена
Македонија

Денеска е 8 Март. И не ми честитајте!

пред 3 дена