Во паркот во општина Гази Баба денеска беше откриен споменикот на Горан Стојменовиќ, загинат припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар”, кој трагично го загуби животот при полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво насеље на 10 мај 2015 година.
– Секоја жртва од минатото е света обврска во иднината. Денеска се собравме овде во паркот на општината Гази Баба, да изразиме должна почит и вечен спомен за трагично загинатиот наш колега, пријател, татко, сопруг, сограѓанин – Горан Стојменовиќ. Овој споменик посветен на незаборавот кон Горан не е никаква отплата на долгот кон него. Оти она со што тој, како и другите неговите колеги и соборци не задолжиле се враќа само со дела, со хумани дела, со професионални дела, со благородни дела, со се она добро, чисто и честитот заради што тие воопшто и ги положија своите животи, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Рече дека Стојменовиќ со својата херојска смрт како наш бранител, припадник на македонската полиција, го заслужил своето место меѓу бесмртните.
Comments are closed for this post.