Бојан Јовановски и Зоран Милевски се сомневале дека се следени, откако ги зеле парите од бизнисменот Орце Камчев, пишува „А1он“.
Како што објави порталот повикувајќи се на свои извори, Боки 13 веднаш штом излегол од домот на Камчев се јавувал кај човек во МВР или припадник на единицата „Алфи“ за да праша дали некој го следи. Засега не е открино кај кого точно се јавувал.
Инаку жената што ги брои парите на снимката како што објавува порталот е сметководителка на Камчев.
Comments are closed for this post.