Осумтемина пратеници кои дадоа поддршка за отворање на Уставот, најавија дека ќе гласаат воздржано за уставните амандмани.
Ние осум пратеници кои овозможивме отворање на Уставот со цел интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе гласаме воздржано во поглед на треите амандмани со цел да оставиме простор за јавна дебата за предлози. Потврда дека сите треба да се вклучат во овој процес е прифаќање на нашиот амандман со кој се гарантира македонскиот идентитет , рече Зеќир Рамчиловиќ на денешната седница.
Тој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат четвртиот амандман.
Нашиот воздржан глас за трите амандмани е и потсетување дека процесот на уставните измени е врзан со процесот на простување и помирување. Со нашиот глас за отворање на Уставот се отвори дебата во која учестуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со што потврдија дека е потребна дебата , истакна Рамчиловиќ.
Comments are closed for this post.