Вршителот на должност помошник – државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер попладнево се сретна и со Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата на која присуствувале и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, како и други високи претставници, стана збор за натамошната интеграција во ЕУ и НАТО на државата, а пристапот на опозициската Независна пратеничка група бил оценет како позитивен за развој на демократијата во земјава.
Како што соопшти Независната пратеничка група, во текот на разговорот биле споделени размислувањата, идеите и конкретните чекори за напредок на државата.
Comments are closed for this post.