Иницијаторите за оспорување на Законот за јазици и објавувањето на новото име во Службен весник без потписот на тогашниот претседател Иванов ја извојуваа првата победа. За двесеттина ќе се закаже главна расправа на која ќе се донесе одлуката за инцијативите.

Денеска се одржа подготвителна расправа каде свои ставови и мислења пред Уставниот суд дадоа адвокат Томе Тодоровски од Свети Николе и Светскиот Македонски конгрес ,
Тодоровски истакна дека неспорно е дека Уставот на не пропишал временска рамка уставен рок со кој претседателот ќе биде задолжен да го потпише указот а исто така Уставот не предвидува санкција за претседателот  доколку не го потпише указот.

Во конкретниот случај постои уставно судска пракса која важи и се применува од уставниот суд на Р.М во случајот оспорениот указ и закон се смета како никогаш да не бил донесен. Строгото почитување на уставот од страна на уставниот суд и настанатите правни последици од непотпишувањето на указот директно е поврзан со одлуката за пристапување кон измена на уставот од 19-10-2018 година каде Уставниот суд се прогласи за ненадлежен и ги отфрлои иницијативите и сето тоа доведе до сето ова што ни се случува денес-рече Тодоровски.

Според него, непотпишувањето на указот треба да биде разгледувано и од аспект на суверенитетот и владеењето на правото кој е доведен во прашање а сето тоа се рефлектира и се одрази да не се почитува уставот да се смени името на Макеоднија ,да се смени уставот ,да се смени преамбулата на уставот, негира идентитетот јазикот ,историјата ,да се брише се што е македонско,да се менуваат имињата на сите инститиуции што го содрчат зборот „Македонија“.

Непотпишувањето на указот од страна на претседтелот е во корелација и тесна врска со нсуверенитетот од причина што со преспанскиот договор закон се загрозуваат државните и националните интереси . Договор е капитилантски,предавнички и понижувачки да не постои македонска држава,да не постои макеоднска нација да не постои и избрише македонскиот јазик, идентитет и историја-додеде адвокатот во своето излагање.