На власта и на судот им се брза по секоја цена да има завршница за случајот „Топлик“. Како што дознава „Пресинг ТВ“, судијата Осман Шабани се заканува ќе го донесе обвинетиот Миле Јанакиески во судница на 24 јануари кога треба да се одржи ново рочиште за овој случај.
Како што дознаваме, Османи дури и велел дека ќе испрати полиција по Јанакиески ако не дојде самоволно иако тој има доставено судско- медицинско вештачење за сериозноста на состојбата на неговата нога. Јанакиески правеше операција и сега се опоравува во домашни услови.
Но, тоа за Шабани не е важно кој велел дека во судот ќе го задржи Јанакиески само половина час и после е слободен.
Како веќе се говори во судските кругови, целта е јасна. Османи да не им прифати ниту еден доказ на одбраната. Потоа во следните десетина дена да бидат закажани завршните зборови а веднаш потоа и пресудата.
Случајот „Топлик“ од почеток се води во нерамноправна положба. Судот прифаќа се што ќе побара Обвинителството а речиси ништо на одбраната.
Според обвинението на СЈО, Јанакиески се терети дек спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“.
Comments are closed for this post.