Министерот за надворешни работи Бујар Османи на вчерашната средба со неговиот португалски колега Жоао Гомес Кравињо беше прашан за тоа кои се авторите на содржината на Декларацијата за македонскиот јазик која беше доставена во Европската унија како одговор на бугарската која наведува дека нашиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик.
Прашан кои се автори на декларацијата (изјавата), Османи рече дека„ биле консултирани луѓе кои се занимаваат со оваа проблематика“.
Најспорен дел од оваа Декларација, покрај тоа што беше со неколку правописни грешки, е делот за дијалектите.
Во неа се наведува дека македонскиот јазик кој е кодифициран во 1945 година и оти се базира на дијалектите кои биле распространетисамо на територијата на денешна Република Македонија. Дијалектите во соседните земји, пред се во Грција и во Бугарија не се споменати во изјавата на МНР.
Ова предизвика жестоки реакции на експертите кои сметаат дека власта се откажа од дијалеките надвор од границите на Македонија каде што живее македонскот малцинство и кое доживеа втор удар по тој со Договорот од Преспа со кој државата се откажа од грижата за нив.
„Пресинг ТВ“ веќе пишуваше дека тројца членови на Советот за македонски јазик кој ја поддржа изјавата за јазикот претходно се потишаа на петицијата против која ја поддржа над 2500 професори и историчари.
Comments are closed for this post.