Утрово и Џелал Мена поднесе кандидатура за градоначалник. Мена ќе ги претставува албанците опфатени во коалицијата БЕСА и Алијанса на Албанците на Зијадин Села.

Покрај Мена, кандидатури уште поднесоа в.д градоначалникот и кандидат на СДСМ, Константин Георгиевски, Митре Милошевски кндидат од ВМРО ДПМНЕ, Михаил Трендафилов – Нанче , кндидат на ГДУ, Стево Стевоски од демократите.

Изборот на градоначалник на Охрид, Дебар и Ново село ќе се одржат на 21 април заедно со редовните претседателски избори. Охрид ќе избира нов градоначалник после прераната и ненадејна смрт на градоначаникот, 48 годишниот Јован Стојаноски, кој беше на чело на општина Охрид повеќе од 1 година.