Адвокатот на бизнисменот Орце Камчев, Тони Менкиновски, денеска ќе поведе постапка за незаконитост на докази при неговото приведување. Тој ова го нарече киднапирање, бидејќи Камчев бил буквално киднапиран откако два дена од 12 до 14 февруари бил незаконски следен.
-Доказот од АНБ кој е единствен доказ треба да биде исфрлен како доказ. Згора на тоа е незаконит доказ, што АНБ го изготвила надвор од закон и со тоа му ја загрозиле безбедноста-објасни неговиот адвокат.
Тој рече дека доказот оти наводно сакал да бега од АНБ не им го достсвуваат со изговор деka бил државна тајна.
Менкиновски објави дека Орце Камчев пет дена бил држен без вода за пиење во истражниот затвор.
Покрај за пиење, немал ниту вода за хигиенски потреби.
-Пет дена без вода не било метод за преживување ниту во Северна Кореја-објасни Менкиновски.
Comments are closed for this post.