Вештачењето на доказниот материјал во случајот „Меѓународен сојуз“ го правеле вештаци кои немаат лиценца за тоа, велат дел од обвинетите во овој случај за „Пресинг ТВ“.
Според нив, нивното вештачење во овој случај во никој случај не може да бидат доказ и нивните извештаи не може да бидат прифатени од страна на судот и Обвинителството.
Според обвинетите, јасно е посочено кој може да биде вештак и оти тој мора да поседува лиценца а оние кои го правеле вештачењето биле само вработени во МВР во секторот за форензика и компјутерски криминал.
Овој случај е во доказна постапка и се испитуваат вработени во МВР кои ги вештачеле доказите од овој случај.
Comments are closed for this post.