Кривичниот совет ја одби жалбата на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски за одредување на мерката притвор во траење од 30 дена, информираат од Основниот суд Скопје 1.
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот В. А. изјавена против решение на судија на претходна постапка со кое се прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбата како и фактите и доказите во предлогот донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судија на претходна постапка, соопшти Кривичниот суд.
Атанасовски се товари за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“.
Притворот од 30 дена на 5 декември му го одреди судија на претходна постапка поради инволвираност во настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Притворот е побаран поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност од повторување на кривичното дело.
Comments are closed for this post.