Како последица на вирусот Ковид-19 почина 40-годишната медицинска сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“ во Скопје, соопштуваат од ЗМСТАТ.
Оттаму велат дека таа била голем борец и хуманитарец во, но и вон своите работни обврски.
–Сакаме да апелираме и да потенцираме дека вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности,велат од извршниот одбор на Унијата.
Унијата на ЗМСТАС сестра Ирена ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател.
Погребот ќе биде утре на денот нејзиниот роденден.
Comments are closed for this post.