Очигледна е големата желба на ВМРО ДПМНЕ да си прави промоција на партијата споменувајќи го името на вицепремиерот Кочо Анѓушев, реагираат од Кабинетот на вицепремиерот, Кочо Анѓушев по денешниот повик од опозициската партија Антикорупциска да гo испита случајот со хидроцентралата МХЕ Падалишка ДОО Скопје каде Анѓушев се јавува како сопственик.

Во случајов со денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ станува збор за концесија дадена во уште 2015 година, а со концесискиот договор државата се обврзува да го додели земјиштето – постапка иста и за сите 80 изградени хидроцентрали во државата. Продолжувањето е констатирано од комисија за надзор која е во рамките на Министерство за животна средина и просторно планирање и Кочо Анѓушев нема никаква врска со неа и практично не ни можел никако да влијае.

ВМРО ДПМНЕ треба да се соочи со фактот дека сега законите важат за сите и нема поделба на инвеститорите, нешто што беше одлика на нивното владеење.“, се наведува во реакцијата.