„Јас од месец септември 2018 година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства“, вели Орце Камчев во исказот даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај оваа година, објавува Инфомакс.
Според Инфомакс, рекетот започнал кога Бојанов Јовановски – Боки 13 побарал средба со бизнисменот Орце Камчев, на која Боки му нудел проект за трговски центар. Според Боки 13 се работело за некаков моден трговски центар, „фешн мол“, како што посочува Камчев проектот кој што тогаш му го достави Јовановски бил несериозен, по што тој веднаш го отфрлил.
Откако бил одбиен Јовановски се вратил со втор договор на уште еден состанок за кој што барал четири милиони евра, договорот веќе бил драфтиран и парафиран од синот на Катица Јанева, Лазе Јанев. Во договорот се барале 4 милиони евра за наводна франшиза.
Ја сфатив дека всушност се работи за фиктивен проект, бидејќи освен договорот не ми беше презентиран никаков бизнис план, што значи целта беше да се земат пари од мене, појаснува Орце Камчев во исказот даден пред обвинителката Рускоска, објави Инфомакс.
Во текстот понатаму се наведува дека Камчев потенцирал оти такви планови за старечки домови им биле понудени на Силјан Мицевски од Битола и Адријан Амзовски од Струга (зет на Фијат Цановски). Наводните проекти чинеле 4 милиони евра.
Откако бил одбиен и за вториот проект, Боки Тредичи успеал да го натера Орце Камчев да му плати реклама од 180 илјади евра, иако во тој момент како што кажува Камчев во изјавата пред Рускоска, ниту тој, ниту неговите компании имале потреба од реклама.
Но тоа не било се, појаснуват од Инфомакс. Откако му ги исплатиле овие 180 илјади евра и тоа 90 илјади евра преку сметката на Систина и 90 илјади евра преку ОК идеја, Бојан Јовановски започнала на социјалната мрежа Инстаграм да објавува заеднички фотографии со обвинителката Катица Јанева, во кои потенцирал дека се спремало нешто големо. Неколку дена подоцна, Камчев бил приведен и притворен во случајот Империја.
Како што објавува Инфомакс, веднаш по притворувањето, поточно во неделата на 10 ноември, во стан на тајна локација во Капиштец била повикана сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева.
Јас бев притворен како што кажав на 8 ноември, петок, а во неделата мојата сопруга беше повикана од Зоки Милевски да се сретнат со Васе Димишков, адвокат од Скопје. Во вечерните часови, ден недела, мојата сопруга била однесена во таен стан во населбата Капиштец. Во станот биле мојата сопруга со Зоки, а Васе Димишков ги чекал во станот, појаснува бизнисменот Камчев во пријавата до обвинителството за организиран криминал, пишува Инфомакс.
Увертирата во земањето рекет, адвокатот Димишков ја започнал со тоа што на сопругата на Јордан Камчев почнал да и соли памет дека уште летоска му кажал на нејзиниот сопруг дека требало „да пушти некој денар“ за да се подмачкале истрагите против него, а тој да си бил мирен. Васил Димишков, инаку брат на судијката Весна Димишкова, уште во август 2018 година се обидел да изнуди пари од Орце Камчев. Бизнисменот тоа не го сфатил за сериозно тогаш, иако Димишков му предочил дека против него има распишано посебни истражни мерки. Камчев одбил било каква соработка со Димишков, бидејќи како што тврди се чувствувал невин и дека дури да имало ПИ-мерки против него, немало што да крие, пишува Инфомакс.
…Васе ѝ побарал (на Ана Камчева, н.з.) 2, 4, 6 милиони евра, во зависност од опцијата, при што ѝ кажал дека поголема група на луѓе треба да се подмири од сумата и дека во оваа група биле вклучени и обвинителката Лиле Стефанова и неговата сестра, судијката Весна Димишкова, која после ова би заминала во пензија – додава Камчев.
На прашање на обвинителот, како би отишла во пензија кога не исполнува години старост, пријавителот Камчев изјавил:
Од тие причини сумата била голема затоа што после ова на судијата Димишкова би и завршила кариерата.
На крајот на ноември, пред Орце Камчев да биде ослободен од ефективен притвор, а мерката да биде заменета со куќен притвор, Бојан Јовановски преку Зоки Милевски-Кичеец контактирал со Ана Камчева нудејќи ѝ опција од 500 илјади евра во замена за укинување на мерката притвор за нејзиниот сопруг.
Како што наведуваат од Инфомакс, Боки Тредичи за да покаже дека е многу сериозен, дури и ја повикал Ана Камчева во неговиот дом во селото Орман, каде што таа отишла заедно со Зоран Милевски-Кичеец. Како што објаснува Камчева во исказот пред обвинител, таа таму го затекнала Боки додека ја фарба косата, а косата му ја фарбал Сергеј Варошлија.
Наспроти нив седела специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која ја уверила Ана дека ако дадат 500 илјади евра, мерката ефективен притвор ќе биде заменета со куќен притвор.
Ана и Орце Камчеви успеале во рок од неколку дена да соберат 350 илјади евра, а останатите 150 ги земале како заем од Кичеецот. Два дена подоцна Орце Камчев бил префрлен во куќен притвор. Откако заминал во куќен притвор, најчест гостин на семејството Камчеви бил токму Бојан Јовановски, кој објаснувал што Орце би добил за 5 милиони евра, а што за 8 милиони евра.
Осум милиони чинеше варијантата, предметот да заврши во СЈО, а доколку Врховниот суд донесе одлука дека тие не се надлежни да постапуваат по предметот, Катица предметот да го прати во редовното обвинителство, без докази, односно да бидат уништени доказите со кои наводно тие располагаат и оваа варијанта чинеше 5 милиони евра. Дека е ова така говори и фактот дека имаше поплава во подрумските простории на СЈО, каде беа уништени доказите во предметот Империја за кои сум јас меѓу обвинетите, потврдил Орце Камчев во исказот даден пред обвинителката Вилма Рускоска, пишува Инфомакс.
Орце Камчев уште од првиот момент како што вели во својот исказ знаел дека пари нема да им даде, но како што кажал „ова им го понудив, само за да можам да соберам докази дека тие од мене изнудуваат пари”.
Бојан веднаш се јави кај Катица при што се согласија со 5 милиони евра, објаснил Камчев.
Според Инфомакс, не само што Катица Јанева и Бојан Јовановски заедно со Лиле Стефанова и Весна Димишкова земале пет милиони евра, смислено ги поплавиле просториите на СЈО за да уништат докази за наводен криминал, а со тоа да ја попречат правдата. Она што е можеби најинтересно е што во целиот овој период, за случајот биле запознати Радмила Шекеринска, Никола Димитров, но и шефот Зоран Заев. Во една од приликите, при расправија помеѓу Боки Тредичи и Орце Камчев, околу апоените во кои бил исплатен рекетот, Боки се обидел да ја контактира Катица Јанева, но неуспешно бидејќи таа била на пукање во Камник, а потоа и на вечера со Радмила Шекеринска.
Вечерта знам, дека кај мене дојде Бобо Јанковски, сопругот на Радмила Шекеринска со еден пријател негов да гледаме фудбал и се смеевме со Бојан бидејќи тој ми кажа дека со него на вечера ќе биде Радмила Шекеринска, со Катица Јанева. Следниот ден ми покажа фотографии од вечерата. Бојан на овој начин го злоупотребуваше познанството со политичарите за да на нас ни покаже колку е моќен, наводно посочил Камчев.
Истото што му го правел на Орце Камчев, Боки му го правел и на Цветан Панделески, па вкупно во неколку месечниот рекетарски поход, Боки успеал да собере три милиони евра само од Орце и Цветан. Блиски соработници на Боки 13 во оваа операција биле и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски и нејзиниот сопруг вработен во УБК, Јовче Ременски, кои во целиот овој период му го штителе грбот, а можеби и газот, пишуваат од Инфомакс.
Веќе споменав дека мојата сопруга Ана се виде со директорот на УБК, Горан Николовски при што истата му даде информации што ни се случува, но не целосни, на што Горан и кажа дека тој е спремен да превземе дејствије во насока на докажување на тоа што му го кажала Ана, а кога таа го прашала со кого би соработувал, затоа што знаеме како што кажав дека Бојан е близок со многу обвинители, а и со полициски службеници од МВР. Особено се фалеше со неговата близина со Јовче Ременски и Фросина Ременски, на што Горан и кажал дека ќе се договори со Вилма. Тој сакал да даде предлог до обвинителството за примена на ПИ-мерки како би можело сето ова да се документира на законит начин, вели Камчев во исказот пред обвинителката Рускоска.
Од Инфомакс резонираат дека оттука произлегува дека единствена институција која што во овој случај вистински си ја вршела работата била УБК, но и Обвинителството за организиран криминал. Оваа поука ја земале откако Камчев добил инструкции од неговите „пријатели” од Софија, сите негови контакти, средби, состаноци да ги сними и документира како би можел во иднина, кривично да ги пријави.
Наводно, откако го дал рекетот, Орце заедно со својот адвокат отишол во просториите на СЈО на состанок со Катица Јанева, во канцеларијата на Јанева била и обвинителката Лиле Стефанова, која по наредба на Јанева ја напуштила просторијата за да не им го слуша муабетот со нејзините жртви. На прашањето на адвокатот Антонио Апостолски, што ќе се случи со Врховен, Катица кратко одговорила „таа работа со Боки да се завршена“.
Дека во рекетот бил вмешан и Зоран Заев, заклучуваат од Инфомакс, јасно се гледало и од исказите на останатите оштетени и сведоци, но она што најмногу загрижува е исказот на Орце Камчев, во кој се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Кичеец и Боки Тредичи дека Орце Камчев ги пријавил за Рекет.
На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски, кој имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.
Замислете Зоран Заев ги предупредил како што вели „педерот” и Кичеец дека против нив има пријава и да ги прекинат сите контакти со Орце Камчев.
Не само што е вмешан, не само што им помагал и ги предупредувал, Зоран Заев и лажел дека тој, а не Орце Камчев го пријавил случајот.
Зоран Заев лажел дека не се сретнал со Зоран Кичеец.
Зоран Заев лажел дека не се среќавал со Бојан Јовановски.
И конечно Зоран Заев лаже дека не зел некое милионче од Рекетот.
Дека ова е така објаснува и споругата на Орце Камчев, Ана во нејзиниот исказ каде што се вели дека откако Заев му кажал на Кичеец дека има пријава против нив, тој и Бојан Јовановски престанале да го контактираат семејството Камчеви, објавува Инфомакс.
Comments are closed for this post.