Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова, денеска била повикана од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дознава Пресинг Тв од свои извори. Таа во својство на сведок за случајот „Рекет“ треба да се појави во Обвинителството во текот на наредната недела.
Стефанова денеска преку соопштение лиферувано од СЈО и се спротивстави на шефицата на СЈО, Катица Јанева, во врска со предметот „Империја“ и за прв пат дојде до нивно јавно разидување.
Стефанова тврди дека таа не била известена за издавање на времената патна исправа на Камчев и дека таква согласност била донесена додека таа била на одмор. Разидување имаше и околу мерката притвор за Камчев да биде заменета со мерката куќен притвор, како и налогот на Јанева обвинетите за предметите „Империја“ и „Поштенска банка“ да бидат затворени и осомничените да не одат во затвор, додека таа инсистирала на затворски казни.
Comments are closed for this post.