Обвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од СЈО, денеска треба да се појави во Основниот кривичен суд како сведок за случајот „Рекет“.
Рустеми е обвинителот кој ја водеше истрагата за предметот „Поштенска банка“, а којшто предмет беше споменуван во случајот кој се води против поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, и Бојан Јовановски – Боки 13.
Тој ќе биде третиот обвинител од тимот на Јанева кој ќе биде повикан како сведок. Досега сведочеа Елизабета Јосифоска, која ѝ беше заменичка на специјалната обвинителка, и Лиле Стефанова.
Стефанова сведочеше вчера и во нејзиниот исказ го спомена токму Рустеми и случајот „Поштенска банка“ кога зборуваше за колегиум во СЈО одржан на 16 април 2019 година.
Comments are closed for this post.