Откако Судот за човекови права во Стразбур и официјално објави дека има предмети за кои е започната постапка за неколку лица кои се повикуваат на аболицијата дадена од тогашниот претседател Иванов, на потег се македонските судски и државни власти.
Судот сѐ уште не пресудил, но побара објаснување за обвинети лица во неколку случаи на СЈО Барање до судот во Стразбур поднеле Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Киро Тодоровски.
Конкретно, Судот во Стразбур даде рок од 12 недели владата да направи спогодби со луѓето кои се во процес на судење или осудени а добиле прекин на постапките.
Доколку тоа не се стори, најдоцна за три месеци ќе пресуди во корист на тужителите и тогаш нашите судови согласно измените и дополнувањата во Законот за судови од 2019 година се должни да ги применуваат. Во спротивно на судиите им се закануваат казни и санкции и разрешувања.
Тие можеби сега би се спасиле, но со промената на власта членовите на Судскиот совет кривично ќе одговараат што не ги разрешиле навреме, заради работење спротивно на закон.
Откако Судот ќе пресуди во нивна корист обвинетите многу веројатно е дека обвинетите ќе бараат и отштета од државата за влечкањето по судови.
Професорот Гордан Калајџиев уште минатата година предвиде дека ова ќе се случи, но оти никој од власта тоа не сакал да го каже гласно, најверојатно од страв.
По ова веројатно ќе следат тужби од обвинетите за барање на финасиска надомест од државата пти ги малтретираат по судови за предмети за кои не би требало да има постапка.
Според нашите сознанија, Судот во Стразбур побарал мислење и за притворот на Миле Јанакиески.Тој е во притвор од јуни 2019 година за предметот „Шпански скали“ кој се уште не е ни започнат откако беше прекинат истечен мандат за еден судија-поротник.
Oстанува да се види каков став ќе зазема нашиот Врховен суд кој се уште не се изјаснил по иницијативата за начелно мислење за аболицијата, односно дали таа важи или не и дали може да се повлече и да биде одземена.
Comments are closed for this post.