ОБСЕ/ОДИХР ќе ги покрива претстојните претседателски избори со вкупно 279 набљудувачи, соопшти шефот на набљудувачката мисија, Корин Јонкер.
Набљудувачката мисија, како што нагласи Јонкер, ја сочинува главен тим од 11 експерти со седиште во Скопје и 18 долгорочни набљудувачи кои од 20 март ќе бидат распоредени во девет тима низ целата држава.
ОДИХР дополнително ќе побара од земјите членки на ОБСЕ да обезбедат 250 краткорочни набљудувачи кои ќе дојдат неколку дена пред изборите.
Јонкер истакна дека ќе го набљудуват изборниот процес според етаблираната методологија на ОБСЕ/ОДИХР.
Ова е 18-ти миониторинг во земјата. Мисијата ќе мониторира не само денот на изборите туку и периодот пред, за време, и по денот на изборите, рече Јонкер.
Ќе го следат администрирањето на изборите, кампањите на кандидатите и нивното финансирање.
Не сме заинтересира со резултатот, туку со квалитетот на изборниот процес и секој гласач, да гласа слободно и транспарентно, рече Јонкер.
Ќе имаат извештај ден пред изборите, прес-конференција и прелиминиран извештај по изборите, а конечниот извештај ќе го објават неколку месеци по изборниот процес, кој ќе содржи препораки до властите за областите на кои треба да се работи
Comments are closed for this post.