Предметот се наоѓа во доказна постапка

Ново рочиште за „Монструм“

19.10.2018 / 10:28


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година.

Предметот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште беше извршен јавен увид на возилото „опел омега“, кое е дел од доказниот материјал за случајот.

На увидот присуствуваа судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, обвинителите од СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, како и адвокатите на одбраната и оштетените, но и новинари и стручна јавност.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Темата со мигранти е непостоечка, опозицијата сака да шири страв и паника, вели Мицкоски

пред 19 часа
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ достави Резолуција против манипулацијата со мигрантите

пред 19 часа
Македонија

На протестот на УЧК немаше само косовско знаме (ФОТО)

пред 2 дена
Македонија

Скопје наликуваше на град на Косово: Се протестираше за УЧК и Хашим Тачи

пред 2 дена
Македонија

Дали Богданка ќе мафта со тужбите и заканите против „Република“?

пред 2 дена
Македонија

Богданка како Заев во времето на „Шарените“: Етикетира медиуми што не известуваат по нејзина желба

пред 2 дена
Македонија

Пролет на 13 декември

пред 2 дена
Македонија

Mицкоски: Ќе иницираме документ со кој општините ќе потврдат дека нема да има мигрантски кампови

пред 3 дена
Македонија

Oд каде е опседнатоста на СДСМ со Србија и Вучиќ?

пред 3 дена
Македонија

Филипче избега од прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ му посака добро здравје

пред 4 дена