Јапонската фармацевтска компанија „Такеда“ соопшти дека развива лек за Ковид-19, што е дериват од крвната плазма, додавајќи дека преговара со властите во Европа, САД и Азија за соработка во истражувањето.
Болеста, која е слична на грип, досега усмрти над 3.000 лица ширум светот, а заразени се над 90.000 лица.
Јапонскиот производител на лекови работи врз лекот што е дериват на крвната плазма со која се лекувале заболени со висок степен на ризик. За плановите во текот на денот ќе бидат информирани и конгресмените во американскиот Претставнички дом.
Во моментов се разговара со здравствените власти, регулаторите и партнерите во секторот за здравствена заштита во Европа, САД и Азија да се забрза работата за изработка на лекот.
Истражувањето бара пристап до крвта на рековалесцент од Ковид-19, односно вакцинирани лица откако вакцината ќе биде развиена, додаваат од „Такеда“.
Од компанијата порачуваат и дека се обидуваат да утврдат дали можат нивните постојни лекови, односно тие што сега ги развиваат, да бидат користени за лекување на коронавирусот.
-Ќе направиме се што е во наша моќ за да ја отстраниме заканата што ја претставува новиот коронавирус (….) и се надеваме дека ќе успееме да ја прошириме можноста од лекување, изјави Раџев Венкаја, шеф на оделот за вакцини во „Такеда
Comments are closed for this post.