редлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во понеделник ќе се најдат пред пратениците.

Собранието  54-та седница во овој состав ја закажа за понеделник во 11 часот, а пратениците ќе расправаат за предложените имиња на овие функции.

Азир Алиу е предложен за министер за здравство, а за заменик министерската позиција во земјоделство предложен е Албрим Хоџа.

Азир Алиу е поранешниот министер за информатичко општество и администрација и е дел од Алијансата за Албанците која останува во коалицијата „ВРЕДИ“, по оставката од 15 мај годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција