Во текот на изминатата недела, регистрирани се пет смртни случаи асоцирани со грип, од тоа кај две лица е утврдена претходна хронична болест/ко-морбидитет. Петмината починати се од Скопје, Делчево, Крива Паланка, Охрид и Тетово, на возраст од 39-75 години, соопшти Институтот за јавно здравје.
Кај тројца од починатите е изолиран А(H1pdm) вирусот на грип, а кај еден несубтипизиран тип А.
Вкупниот број на смртни случаи асоцирани со грип во текот на сезоната 2018/19, досега е 28.
Во текот на 13-та недела од 2019 година (25.03-31.03.2019), се пријавени 478 случаи со заболувања слични на грип, што е за 51 отсто намалување во споредба со претходната недела.
Во споредба, пак, со 13-та недела од минатата сезона бројот на пријавени лица со симптоми на грип е поголем за 23,8 отсто.
Comments are closed for this post.