Нова снимка поврзана со случајот “Рекет” објави италијанскиот весник “La Verita”. На неа освен разговор помеѓу бизнисменот Јордан Камчев и Бојан Јовановски, се слуша и женски глас за кој се тврди дека е на Катица Јанева.
На снимката откако Бојан Јовановски му вели на Јордан Камчев “Имаш поздрав од женава”, таа на бизнименот му вели ” Не се секирај се ќе биде ОК”.
Претходно се слуша подолг разговор на Јордаан Камчев и Бојан Јовановски.
Објавен е исто така 12 минутен разговор во кој учествуваат Јордан Камчев, Бојан Јовановски и Зоки Кичеец.
Comments are closed for this post.