Ако веќе не е новост да разбереме дека член од семејството на Мира Стојчевска се вработува, тогаш денес ќе ви посочиме за уште еден скандалозен случај на вработување на член на семејството од уште еден пратеник од редовите на СДСМ. Имено, според кои критериуми е вработен синот на пратеничката на СДСМ од Радовиш, почитуваната Милева Ѓорѓиева, нејзиниот син се вика Стојче Ѓорѓиев, како инспектор за јавна безбедност во МВР без огласување на јавен оглас? Патем мора да потенцираме и да и обзнанеме на јавноста дека синот Стојче е пријавен на оваа работна позиција со средна стручна спрема, замислете, фармацевтски техничар. Фармацевтски техничар како инспектор за јавна безбедност“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Димче Арсовски.
Тој прашува: Дали е тоа така само затоа што е син на Милева-Ѓорѓиева?
Ова веќе е болна работа, ова веќе е епидемија на непотизам кое може да се реши само на еден начин. А тоа е СДСМ да не бега од избори и излезе на избори каде што народот ќе си го каже своето мислење за нив. Нема човек во државата кој не е разочаран кога гледа дека без критериуми се вработуваат синови, ќерки, сопрузи, браќа, сестри, мајки, баби, дедовци на и сите останати роднини, блиски и подалечни кои што се роднини на партиските функционери на СДСМ. Веќе и на членството на СДСМ им е јасно дека си имаат работа со криминален картел кој гледа за себе да си обезбеди високи плати за семејството, високи бизниси, огромни тендери, огромни грантови и на тој начин да се натоварат што побрзо дури не паднале од власт, бидејќи деновите им се одбројани. Оваа криминогена екипа од СДСМ веќе знае дека нивниот политички крај се ближи бидејќи ништо не направија за граѓаните и државата. Единствено уништија и напакостија. Времето и народните пари ги трошат единствено за нив и нивните семејства“, порача Арсовски.
Comments are closed for this post.