Нотарската комора бара зголемување на дел од тарифите. Нотарите насласуваат дека трошоците им се зголемени, а тарифите покрај тоа што се најниски во светот се и непроменнети со години.
Затоа тие бараат зголемување на некои од тарифите кои изнесуваат и сто денари. Нотарите го нагласуваат и фактот што во континуитет се зголемуваат бројот на нотарите, па така од 100 во 2000-та година, минатата година ги имало 220 нотари. Згора на тоа од 2016-та година се водеде и задолжително учество на адвокати во постапките пред нотари кои добија 50 посто од нотарската награда.
Неминовно е да има измени во дел од нотарската тарифа од причина што зголемени се трошоците. Како Комора сме во корелација со Министерство за правда и Владата, како би можеле да не се оптерети буџетот на граѓаните и да се задржи нотарската професија, изјави претседателот на Нотарската комора Методија Ристоски.
На денешниот брифинг со медиуми, како пример, ја посочуваат заверката која чини 100 денари и не е променета 27 години.
Comments are closed for this post.