Позициите на Македонија по потпишување на ваков договор се драстично нарушени.Ова е капитулантски договор. Референдумот ќе пропадне и доколку Владата е малку одговорна воопшто нема да го води процесот понатаму кон уставни измени. Доколку сепак дојде до таква работа ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соодветствува на ставот на партијата, а ставот на партијата е многу јасен дека ќе го почитува исходот од референдумот“, истакна во вечерашната емисија на „Топ Тема“, подпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски каде дебатираа со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Според Николовски главна тема во референдумот која сака да ја наметне владата, не е Договорот, туку ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа покажува дека е ова исклучително лош и капитулантски договор и сака сега и нас како партија да не извалка“.

Според шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров Димитров пак мнозинството на граѓаните се ЗА .

Огромна поддршка од кампот ЗА, за да ни ја биде Македонија, за да си влеземе во НАТО, за да почнеме преговори со ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик и кои прифатиле компромис дека нашата Македонија не е целиот регион и ќе биде Република Северна Македонија, рече Димитров.

Димитров посочи и дека  во програмата на ВМРО-ДПМНЕ во делот за референдумот не стои цензус.

Успешен референдумот ќе биде огромна поддршка од кампот ‘ЗА’,  рече Димитров.

Николовски возврати дека цензусот не се дефинира во партиски програми, туку со закон.

А законот вели дека успешен референдум е 50% од запишаните гласачи“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ