Oвие три години се години на уништување и уназадување, години во кои што корупцијата цвета а економијата тоне. Години во кои што гледаме рекет и корупција, гледаме торби полни со пари кои што одат кај лица блиски до власта а во исто време гледаме економија која што тоне и луѓе кои што ја напуштаат државата. Тоа треба да се промени и со идеите коишто ги очекуваме од граѓаните очекуваме тоа да се промени, вели Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ.
Во Јануари месец ова година премиерот Заев најави дека Фолксваген ќе отвори фабрика во Македонија дури и го злоупотреби името на канцеларката Меркел и нејзиниот советник за надворешна политика Хекер. Деновиве официјално Фолксваген ја објави својата инвестиција таа за жал не е во Македонија таа е во Турција, вредноста е една милијарда и четиристотини милиони долари фантастична бројка, некаде околу една третина од целокупниот македонски буџет за споредба. Отвора 5.000 директни работни места и уште 10.000 индиректни работни места ќе произведува преку 300.000 автомобили.
Comments are closed for this post.