Љупчо Николовски, министерот за земјодеслство на Топ Тема на Телма најави дека во вторник со државниот советник Трајан Димковски ќе отпатуваат во Србија на состанок со тамошните власти.
„Таму ќе го утврдиме динамичкиот план на испорака на пченица според потребите на домашното стопанство, на коморите со кои интезивно разговараме и ги очекуваме финалните бројки, па да видиме дали ќе биде 50 тони пченица, да видиме колку се потребите. Будно ја следиме состојбата и врз основа на тоа носиме одлуки“, рече Николовски.
Владината одлуката за забрана на извоз на пченица за уште еден месец ја оцени како исправна, бидејќи како што рече Николовски „мора да го штитиме домашното производство и да се грижиме за домашните потреби. Ние го следиме зголемениот извоз на пчените и затоа алармиравме и ја донесовме таа забрана“, рече Николовски.
Comments are closed for this post.