Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, учествува на 30. Балвањос летен камп во Тушнад, Романија, информираат од неговата партија.
Во соопштението се наведува дека се работи за најголемиот летен младински камп во Европа на кој учествуваат речиси 80 илјади учесници.
„Кампот е меѓународен настан кој се смета за форум на прекуграничната соработка и политички дијалог, спротивставени аспекти и размислувања во јавните и политичките прашања. Поканетите говорници дебатираат за актуелните политички теми и прашања“, објаснуваат од опозициската партија.
Во соопштението се додава дека на настанот ќе земат учество голем број политичари, претседатели на невладини организации, тинк-тенкови и фондации, како и професори од повеќе светски универзитети.
Николоски има обраќање на тема „Застапување на државите во меѓународни организации“, каде што со млaдите од цела Европа ќе го сподели своето долгогодишно искуство на оваа тема, особено од неговата долгогодишна активност во Советот на Европа.
Comments are closed for this post.