МАКЕДОНИЈА ИМА СРЕДНОВЕКОВНО НАСЛЕДСТВО, А МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА И ДРЖАВА СЕ ПЛОД НА ВЕКОВНА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, борба која е силно изразена во текот на 19тиот и почетокот на 20тиот век за отфрлање на отоманскиот јарем, преку практично 30 годишно непрекинато востание од балканските војни до втората светска војна кое е крунисано на 2 Август со АСНОМ, до борбата против комунизмот и референдумот за независност од 8ми Септември и формирањето на независна Република Македонија. Тоа е јасен историски и политички континуитет на македонскиот народ со јасна цел формирање на македонска држава, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на скандалозната колумна на Денко Малевски за бугарски БГНЕС.
Тоа го знае Малески, а зошто го негира само тој си знае, вели Николоски во својата реакција.
Поткопувањето на темелите на Македонија со вакви изјави нема да успее колку и да се трудат, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.