Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во изјава за медиумите рече дека сумата изрекетирани пари од бизнисмени е дваесетина милиони евра.
„Она што го дознавме е дека тоа што ВМРО ДПМНЕ го зборуваше целиот изминат период е вистина, а тоа е дека за сé бил информиран Зоран Заев и како што напишав и јас во една колумна некаде кога изби скандалот тој бил „капо ди тути капи“ на целата оваа операција односно бил детално информиран за сите активности каде што има вмешани односно ракетирани многу повеќе бизнисмени од овој еден кој што го гледаме во моментот, сумите се вртоглави и надминуваат некаде 20-тина милиони евра “, рече Николоски.
Тој вели дека е неопходна темелна истрага, која во моментов ја нема, како и политичка одговорност односно оставка од цела влада и организирање предвремени избори.
Comments are closed for this post.